СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Никогаш не е лесно да се купи користен автомобил
[фото, видео]

 

Нашите маки при купувањето користен автомобил за кој често велиме дека е мачка во вреќа, се вистинска мачкина кашлица во споредба со овие.

Навистина, при купувањето користен автомобил ни тој што купува, ни тој што продава го познаваат автомобилот, така што „мачка во вреќа“ е вистинскиот израз.

Ама само кај нас – не знаеме Русите какви зборови користат да го кажат истото, ама сигурно имаат и нешто бетер од тоа, судејќи според фотографиите и видеото.

Имено, од Јапонија тргнал брод со користени автомобили наменети за далекуисточниот руски пазар, кој таму стигнал целосно смрзнат – сосе товарот.

Иронијата да биде комплетна бродот се вика Sun Rio, затоа тука ќе престанеме да пишуваме и ќе ве оставиме да го погледнете фото-видео записот од неговото пристигнување.

Погледнете посебно во видеото какви се автомобилите внатре.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео