СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Kia EV5: Електрична верзија на идниот Sportage или целосно нов модел?

 

Kia плански го пополнова своето портфолио на електрични возила. По претставување на големиот EV9 следен во низата е компактот, EV6.

Kia е еден од ретките производители кој најави дека до истекот на крајниот законски рок (2035 г.) ќе произведува возила и на бензин.

Паралелно со таа најава, корејците работат и на интензивирање на нивниот целосно електричен програм.

На светските пазари можат да се сретнат електричните Niro, потоа носителот на многу светски признанија, EV6, а од неодамна и големиот SUV, EV9.

Според планерите треба да се очекува пополнување на сите автомобилски класи. Еден од низата е EV5, а во завршна фаза е и помалиот EV3.

Според димензиите, EV5 припаќа во класата на компактни SUV-ови. Токму на полето каде што Sportage веќе 30 години постигнува одличени резултати.

Но лубителите на класиката не мора да се грижат – Sportage и понатаму ќе диши со полни гради.

Кога говориме за новакот треба да истакнеме дека производството на EV6 ќе се одвива во соработка со нивниот кинески стратешки партнер. Компактниот SUV е изграден околу 800- волтна архитектура која гарантира можност за приклучување на брзи полначи.

Влезната варијанта ќе има еден електромотор (215 КС) на задната оска кој ќе биде напојуван од 64 kWh батерија од типот LFP која ја испорачува BYD. Гаранцијата на електричните компоненти и батеријата изнесува 10 години или 160 илјади километри.

Верзијата со два мотори ќе се напојува од нов тип батерии (сеуште не се објавени спецификациите) со капацитет од 88 kWh. Вкупната силина од 308 електрични коњи ветува интересни перформанси.

Во видното поле на верзијата со погон на двете оски се Volkswagen ID.4, Ford Mustang Mach E, Nissan Ariya,…

Во почетната фаза предвидено е присуство на пазарите на Кина, Кореја, Канада и Мексико. Поради административни причини засега е заобиколена понудата во САД, а за Европа сеуште се размислува.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV