СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Peugeot 405 сé уште се произведува!

На врвот на својата популарност во Европа, во 1992 година Peugeot 405 започна да се произведува и во Иран.

Но пред некоја година, Iran Khodro, тамошниот партнер на Peugeot, започна со сериозна модернизација на гамата во која веќе немаше место за 405.

Тој сепак не замина во историјата, туку се пресели во соседството, во Азербејџан, во компанијата Azermash покрај главниот град Баку.

Таму беше ребрендиран како Peugeot Khazar 406 и лансиран на пазарот по цена од нешто под 9.000 евра. За тие пари купувачите добиваат 1,8 литарски Еуро 5 бензински мотор со 100 КС, клима-уред и две воздушни перници.

Aко платат уште малку и keyless entry систем, сензори за паркирање, електрично задвижувани седишта и друго.

Peugeot Khazar 406 e достапен е и со дизел мотор со 106 КС и автоматски менувач, a интересно е што азербејџанската компанија го извезува и во Иран.

 

Во својата досега 33-годишна историја, Peugeot 405 покрај во Франција, Иран и сега Азербејџан, се има произведувано уште и во Велика Британија, Полска,  Ирак, Египет, Аргентина, Чиле, Индонезија, Малезија, Тајланд, Тајван и Зимбабве.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот