СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Renaut го слави 30-тиот роденден на Clio (видео)

 

На сцена е петото поколение на најпродаваниот европски автомобил во Б-сегментот. Од појавувањето на првиот предок поминаа 30 години, период во кој се продадени над 15 милиони примероци.

Дали има можеби некој кој не слушнал за Renault Clio? Малиот автомобил кој до сега го пронајде патот до над 15 милиони клиенти.

Автомобил кој уште на самиот почеток во 1990 година, со силниот карактер, успеа да воспостави високи критериуми и да излезе во пресрет на барањата на широката пиблика.

Тој пробив се изведе со квалитет и технологии преземени директно од повисоките класи.

Освен тие основни премиси, сите генерации на Clio ги краси висок стил и препознатлива естетика. Европските купувачи тој пристап го наградија со верност кон моделот – од 2012 година Renault Clio е најпродаван модел во Б-сегментот.

Сега кога на сцена е петатата генерација на францускиот бестселер и кога ќе се погледне внимателно во временскиот ретровизор, станува јасно дека секоја генерација трпеливо ја плетеше својата приказна која сега веќе преминува во успешна сага.

Во актуелниот модел како да е сублимирано најдоброто од сите претходни поколенија. Започнувајќи од комфорот на патниците, зголемувањето на димензиите, врвната безбедност, апликацијата на врвната технологија. Посебноста на најновиот Clio е во понудата на верзија со E-TECH Hybrid технологија.

Во Renault знаат како да го прослават 30-тиот роденден. Организирани се посебни групи на социјалните мрежи каде секој досегашен сопственик може да ги објави своите авантури со Clio со што се очекува во успешната сага да учествуваат и лично корисниците.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот