СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Безбедносни системи вградени во Rimac C_Two (ВИДЕО)

 

За добивање техничка хомологација на Американскиот пазар, Rimac треба да испорача 30 прототипови од моделот C_Two, од кои секој чини по милион долари.

Мате Римац (основач и CEO на Rimac Automobili) решил да игра на глобалниот пазар.

А без присуство на Американскиот пазар сликата не е потполна, поготово кога се работи за електрични супер спортисти од самиот технолошки врв.

А кога е веќе така, за добивање на потребните дозволи за присуство на пазарот регулаторните тела побарале од компанијата да обезбеди 30 возила како би се извршиле сите потребни испитувања.

Во принцип тоа го прават сите производители, но проблемот со Rimac е што вкупната продукција на моделот C_Two  е проектирана на само 150 единици. Настрана фактот што секој од овие 30 прототипови чини по 1 милион долари.

Само да потсетам дека четирите електромотори на Rimac C_Two располагаат со заедничка силина од 1.914 КС, способни првата стотка да ја фатат за помалку од две секунди и да постигнат максимални 420 км/ч. Во моментов никој подобро од ова не може да понуди.

Токму поради овие перформанси тестовите се многу комликувани што за техничките инспектори значи исполнување на многу сложени процедури.

На видеото дадено подолу, главниот инженер на Rimac, Даниеле Гачи (Daniele Giachi) детално ја објасува носечката структура на C_Two и цврстината на монокок шасијата изработена од јаглеродни влакна.

Да не раскажуваме понатаму, погледнете го видеото на кое г-дин Гачи детално ги објаснува сите технички детали.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот