СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Mercedes E-Class претставен со мини концерт на Васил Хаџиманов Бенд

 

Новата генерација на Е-класата е веќе во салонот на домашниот увозник. Премиерното прикажување помина на очекуваното (нај)високо ниво.

По подолго време повторно се почуствувавме како дел од развиениот автомобилски свет.

И кој би бил заслужен за тоа ако не претставникот на најреномираниот светски производител, Mercedes-Benz.

Повод за атрактивниот настан беше претставувањето на новата E-Class, а изведувачи на префинетиот уметнички перформанс беа членовите на „Васил Хаџиманов Бенд“. За убавата атмосфера свој придонес даде и реномираниот домашен бенд „Рингтон“.

Сепак главната звезда на носот го носеше светски познатиот трокрак симбол. Под рефлекторите силно блескаше новата Mercedes-Benz E-Class.

Околу техничките подробности би ве упатиле на нашиот натпис од неодмана (на линкот ТУКА).

Токму како што и се очекува од модел на Mercedes кој најдолго патува низ времето, секогаш носејќи врвни технолошки иновации.

А за практична визуелизација на погорната констатација беа изложените модели на Е-класта од минатите генерации помеѓу кои имаше и рекордер со изминати 4,6 милиони километри.

Новата Е-класа продолжува да ја испишува уникатната сторија на успех.

Таа повторно сјае со препознатливиот дизајн, иновативните технологии, еоколошките решенија, а во најновото издание и со примена на вештачката интелигенција.

Сепак за повеќе информации ќе треба да се обратите во „Мак Аутостар“ каде со задоволство ќе се погрижат да го задоволат вашиот интерес.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг