СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mercedes_Benz E-Class: Класиката дише со дигитални гради

 

По седум успешни години на пазарот, откриена е замената на Е-класата. Подолга, електрифицирана, преполна со технологија,… во продажба доаѓа во јуни месец.

Убавата традицијата продолжува во полн сјај.

Mercedes-Benz го откри новиот семејно-бизнис адут во кој ги задржува сите трајни вредности, истовремено облагородувајќи го со најсовремена технологија.

Порасната во сите правци (4.949 mm) опасно се доближува до психолошката граница од пет метра, но сеуште на доволно растојание од знаменосецот, S-Class.

Според нивото на вградената технологија таа класна дистанца е видно скратена.

Надворешноста недвосмислено говори со класичниот јазик на Mercedes. Во зависност од нивото на опрема, сјајната трокрака ѕвезда може да биде на маската или пак на врвот на хаубата.

Дизајнерите си поиграле со графиката на светлата, што во комбинација со различните маски ставаат акцент на спортска или пак на елегантна нота.

Страничната линија воопшто не остава дилема околу припадноста, а задниот изглед е доминиран од двете светлосни групи со стилизирана графика.

Внатрешноста е организирана по урнек на поголемиот брат. Во повисокото ниво на опрема освен возачкиот, и екранот сместен на централниот гребен, се поставува и додатен екран пред совозачот.

Во совршено ергономската средина нема место за одвишни рачки. Амбниентот може да се персонализира со избор на графиката на екраните, амбиенталното осветлување и еден од трите основни пакети на опрема.

Чист класичен пристап, но изговорен со дигитален јазик.

 

Механика,… од најдобрата!

Современа приказна раскажува и механичкиот состав. Предната оска е изведена со двојни триаголни рамења и класични амротизери. Назад е просторна вилушка врзана во пет точки со шасијата.

Ништо спектукуларно, но за подобврување на управливоста помага подвижната задна оска која на помали брзини ротира (4,5 степени) во спротивна насока од предната, а при поголеми брзини (над 80 км/ч) во иста насока со неа.

Веќе видено решение, но внимавајте ова е Mercedes, а кај нив сé мора да функционира на перфектен начин.

По желба може да се добие и Airmatic пакет на амортизација, но повторно, тоа значи дејствување на познатото поле на класиката.

 

Електрифицирани мотори

Моторната понуда доаѓа во состав од двe mild-хибридни варијанти, една бензиска и една дизелска, а и двете со по четири цилиндри кои се извлекуваат од дволитарски мотори.

Бензинецот испорачува 204, дизелот 197 КС, а електриката во двете верзии помага со 23 КС. Разликата се прави во можноста на дизелот да биде опременен со интегрален погон.

Електриката игра уште поважна улога во PHEV (plug-in) верзиите. Во Е 300 е е употребен идентичниот бензинец од 204 КС но електричната асистенција доаѓа од е-мотор со 129 КС, што резултира со системска силина од 313 КС.

Поважно од тоа е вградената батерија со капацитет од 25,4 kWh (од сопствен развој) која обезбедува досег до 120 km.

Истите карактеристики ги има и (за сега) најсилната верзија, E 400 e 4Matic кај која бензинецот е навијен на 252 КС што влијае на зголемување на системска силина на 381 КС.

 

Редизајнирани системи

Најстариот автомобилски производител на светот не излегува со нов модел ако темелно не ги редизајнира сите системи.

Тука се мисли на климатизација, MBUX-интерфејсот преку кој се управува со командите и параметрите, потоа аудио делот со 21 звучник и излезна моќност  од 730 вати, …

Составите за асистенција исто така биле под лупа на инженерите.

Под заедничко име Attention Assist се групиран безбедносните системи кои обезбедуваат автономно возење од нивото Level 4.

Запознавањето и описот на сите применети новитети ќе потрае некое време.

Во време на промена на технологиите, германците поставуваат нови стандарди вклопувајќи ги на перфектен начин традиционалните вредности на брендот со исполнување на сите еколошки стандарди.

И што веројатно е најважно за производителот, исполнувајќи ги високите очекувања на своите корисници.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот