СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Kia Picanto во најпикантно издание

 

Picanto не е нов модел, но секако неговата понуда ќе ги расположи лубителите на малите автомобили.

Понудата на мали автомобили сé сведе на само неколку имиња.

Во оваа прилика нема да ги набројуваме причините за практично одумирање на градската класа, но за среќа сепак сеуште ги има.

Секако една од главните причини за нивна пазарна дефицитарност е исполнувањето на строгите безбедносни критериуми која се одразува на крајната цена на производите.

И токму на оваа позиција, Picanto како најмал член на големото семејство на Kia, им пркоси на трендовите.

Во спортската линија која ја познаваме како GT Line, Picanto ја следи филозофијата на најопремени модели.

Веднаш да ја истакнеме цената која изнесува и не така мали 17.500 евра, но приказната со актуелната понуда и цените, говорат за период на транзиција во кој поприлично се пореметени критериумите. Всушност се работи за нова реалност на која ќе мора да се привикнеме.

Се враќаме на понудениот Picanto кој гордо го носи натписот GT Line. Моторот е добро познат од поголемиот Rio (за жал го нема веќе во понуда), четирицилиндерски од 1,2 литри кој ослободува 84 КС. Вбризгувањето во повеќе точки е заслушно како за економичноста така и за перформансите – максимални 173 км/ч и просечни 5,4 л/100км.

Четири цилиндри станаа реткост во оваа (па и во поголемие класи) па со самото тоа во градските возила веќе претставуваат своевидна ексклузива.

Но уште поимпресивна е листата со која е опремена најмалата Kia. Голмите 16 инчни тркала обуени со спортски гуми се уочливи однадвор, исто како и бесконтакниот влез во возилото.

Присуството на краткобрановиот радар дава до знаење дека возилото е способно за детекција на поасни ситуации и автоматско сопирање, како и одржување на растојанието со возилата пред него во случај на активен темпомат.

Сетот од воздушни перници, заедно со системите за сопирање и стабилизација го комплетираат безбедносниот пакет.

Екипираноста на опремата за комфор ја предводи составот за навигација (повторно) преземен од поголемите модели. Аудио составот е тука за попријатна атмосфера а седиштата се изненадувачки дарежливи.

За надворешниот облик нема да трошиме премногу време, фотографиите доволно говорат за децентните визуелни додатоци.

Уште еднаш ќе ја повториме цената: 17.500 евра. Ако сеуште сте иненадени би ви посочиле да ги погледнете конкурентските модели, да ја изедначите опремата, и потоа да направите споредба.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг