СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mercedes Citan/T-Class: Ван во соработка со Renault-Nissan

 

Новата класа која ја промовира Mercedes е всушност патна верзија на новиот Citan, а се развива во соработка со алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi. Ова се први тизери од ванот кој ќе се произведува од идната година.

Mercedes-Benz ја продлабочува соработката со Renault, поточно со алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi.

Веќе е подготвена втората генерација на најмалиот „комерцијалист“ на Мерцедес кој би требало да се појави следната година.

Францускиот пандан, Renault Kangoo веќе е службено најавен за промоција.

Новиот Citan е развиен врз заедничка платформа развиена во соработка со Renault-Nissan, и се разбира, ќе има и своја целосна електрична варијанта.

Новина e што патничката верзија ќе означува и раѓање на нова класа која Mercedes ја нарече, T-Class (во оригинал, T-Klasse . Таа би требало карактерно да биде многу поблиска до своите Швабски браќа.

Најмалиот ван на Mercedes би требало стилски да биде близок со поголемиот Sprinter, а ако се суди според фотографиите од прикажаниот прототип, ќе има и визуелни сличности.

Renautl Kangoo 2020

Француската страна, за моторизација на Kangoo најави 1.5 литарски дизел кој би требало да биде достапен со 80, 95 и 115 КС.

Дали овие мотори ќе бидат преземени и од Германците сеуште не е познато, но реално е тоа да се очекува.

Засега се знае дека електричната верзија ќе биде понудена кај двата сродни модели, и тоа изградени врз новата E-Plattform.

Електромоторот ќе има силина од 52 kW, а стандардниот сет батерии би требало да овозможи автономно движење од рамно 400 километри.

„Беџ инженерингот“ има за цел намалување на трошоците за развој и производство, и пред се, да понуди возила кои ќе бидат наменети за работни задачи а не за имиџ на производителот. Mercedes сега ја поправа таа слика со понуда на патничката верзија, T-Class со која прави дистинкција во однос на востановените стандарди.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот