СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mercedes-Benz E-Class: Освежен и дотеран во салонот на домашниот увозник

 

Најважниот модел на Mercedes, во нова „апдејтирана“ верзија ги добива сите атрибути кои овозможуваат и натаму лидерска позиција во овој сегмент.

Мерцедесот со средна големина се произведува од 1946 година. Епитетот „срце“ на брендот го заслужува со бројката од 16 милиони продадени примероци.

Ниту еден модел излезен од Штутгард нема постигнато подобар резултат.

Актуелната 10-та генерација на E-Class е претставена 2016 година, а до сега го има пронајдено патот до 1.2 милиони купувачи.

Имплементирањето на новите технологии во кои е вклучено и полуавтономното управување, во комбинација со перфектниот имиџ, го постигнаа очекуваниот ефект.

Апдејтирањето на моделот се прави со цел да се остане на самиот технолошки врв – и тоа не само во својата класа.

Уште на почетно ниво на опременост e достапен спортскиот пакет, Avantgarde, предната маска има нов дизајн, потоа нов е обликот на предните светла, а LED осветлувањето доаѓа како стандардна опција.

Предните Multibbeam LED светла, како и Ultra Range долгите светла, се достапни како опција. Темелна промена е направена во задниот дел, каде може да се забележат сосема нови светла и изглед на багажникот.

Во внатрешноста се направени неколку промени, но најзабележителен е новиот управувач, со контроли на допир, потоа 2 големи екрани со големина од 10,25 инчи како стандард.

Достапна е најновата генерација на MBUX системот за гласовна контрола на функциите во возилото, како и Energizing Comfort функцијата.

Преку неа може да се регулираат температура во возилото, музиката, амбиенталното осветлување, греењето на седишта и програмите за масажа.

Овој систем има опција да го учи начинот на живеење на возачот и според неговите потреби да му препорача опција за уживање во возилото.

Што се однесува до системите за асистенција, кај E-Class се достапни најновите функции, како што се:

  • Active Distance Assist Distronic, со регулирање на брзината при движење по рута, односно доколку системот детектира бавно движење на сообраќајот уште пред да реагира возачот, се намалува брзината на движење на околу 100 км/час како мерка на претпазливост.
  • Active Tailback Assist, при движење во колона на автопат, системот може автоматски да ја одржува брзината на движење и безбедно растојание до 60 км/час
  • Active Brake Assist со Cross-traffic функција, доколку постои опасност од судир при нагло вртење, возилото автоматски застанува
  • Active Blind Spot Assist со предупредување при излез на други учесници во сообраќајот, како што се лица кои управуваат велосипеди или мопеди

Мотороната понуда се состои од два дизелски агрегати со 194 и 330 КС и пет бензинци со 197, 258, 367 и 435 КС.

Плагин хинбридната дивизија ја сочинуваат безнинецот од 211 КС и дизелот со 194 КС кај кои електромоторот помага со 90 kW па така заедничката силина изнесува 320 односно 306 КС.

За целосните податоци околу техничките карактеристики и цените, сепак ќе треба да се обратите до домашниот увозник.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот