СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Откриена тајната на „големите бубрези“ на BMW

Кога се појави новата серија 4 сите реагираа на димензиите на неговата маска, но од BMW останаа имуни на критиките, велејќи само дека „големите бубрези“ во иднина ќе го обликуваат брендот.

Сега е јасно и зошто – како дел од најавите за електричниот iNext кој треба да се појави идната година, Баварците специјално ја претставија неговата маска, која е огромна како и кај серијата 4.

Нејзината големина тие не ја коментираа, но кажаа дека таа ќе биде „очите“ на идниот SUV, кој ќе има напредни автономни можности. Тоа значи дека ќе биде исполнета со бројни сензори, камери, радари…

Истакнаа дека е дело на центарот за лесни конструкции и технологии на BMW, кој досега има развиено доста иновативни компоненти за возилата од групата.

Што точно ќе се крие зад големите бубрези на маската на идниот iNext не објавија, но тоа сигурно ќе биде сериозна количина технологија – погледнете ја само нејзината дебелина.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот