СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Mercedes го претстави атрактивниот EQA [3*видео]

 

Електричната EQ серија на Mercedes се прошири со атрактивниот EQA, кој несомнено ќе биде продажен хит.

Настанат со желба да понуди оптимум од двата света, новиот Mercedes EQA настапува во најпосакуваниот компактен сегмент на кросовери.

Со основата на моделот GLA ги има сите предуслови за постигнување оптимална динамика и препознатливо чувство во возењето, додека ефикасниот електричен погон ќе воведе нова димензија на користењето.

Toj во пазарната трка влегува со EQA 250 изведбата, зад чија ознака се крие погонски електромотор со 190 KS и вртежен момент од 375 Nm.

Со него забрзува до 100 km/h за 8,9 секунди, додека  максималната брзина е поставена на 160 km/h.

Комбинираната потрошувачка му е 15,7 kWh/100 km, а батеријата од 66,7 kWh според WLTP стандардот ќе му обезбеди поминување на 426 km.

На автономијата директно влијание има аеродинамика, која во целост е дигитално развиена.

Ниската вредност на коефициентот на отпор на воздухот од 0,28 која е потврдена во пракса, е добиена со потполно затворен всисен систем за воздух за ладење во горниот дел, прецизно обликувани предни и задни спојлери, скоро потполно затворено подвозје, оптимизирани тркала и други детали.

Познати се и цените кои стартуваат од 47.500 евра, а во продажба ќе се најде веќе напролет. Овој модел е само почеток – најавени се и значително посилни изведби, како и оние со погон на сите тркала.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео