СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Zhiji Auto / IM: Нов бренд на Alibaba и SAIC

 

Со здружени сили Alibaba и SAIC формираат нов автомобилски бренд кој ќе произведува луксузни електрични автомобили –два модела веќе се подготвени за настап.

На Shanghai Auto Show закажан за месец април треба да дебитира првенецот произлезен од соработката на Alibaba и SAIC. Брендот е наречен Zhiji Auto / IM а сеуште неименуваниот модел ќе биде луксузен седан придвижуван од електрична енергија складирана во сет од батерии.

Дали станува збор за само уште еден производ од кинеската наезда на електрични модели? Можеби изгледа така, но моќните финансиско – технолошки имиња кои стојат зад Zhiji Auto / IM малку ја скокоткаат фантазијата.

Мал поглед на технолошкиот апсект, не докрај но секако ги разјаснува работите. Алуминиумската шасија, како и комплетната архитектура ја потпишува Williams.

По еден електромотор е сместен на двете оски обезбедувајќи перманентен погон на сите тркала, и тоа со максимална силина од  400 kW (544 КС) и вртежен момент со максимум поставен на 700 Nm.

Еве одлична прилика за забрзување до првите 100 км/ч за 3.9 секунди. Притоа сетот батерии со капацитет од 93 kWh (подоцна се очекува и верзија со 115 kWh) до следното полнење може да помине максимални 874 километри.

Овие вредности се измерени според стариот NEDC циклус, па се очекува одредена корекција на теоретските резултати кога тие ќе бидат конвертирани во WLTP вредности.

Од останатите механички пикантерии се споменуваат и активната суспензија, но и систем за управување и на задната оска.

Во делот на внатрешниот дизајн никој не помислувал на штедење. Екранот поставен преку целата широчина на предната арматура има дијагонала од 39 инчи, поделен е на три дела од кои едниот е поставен идентично како кај најновата S-Class на Mercedes.

Посебно внимание предизвикува софтверот испорачан од NVIDIA кој може да изврши еден трилион операции во секунда. Сосема доволно за обработување на податоците кои се добиваат од 15 HD камери, 12 ултра звучни сензори и два пет милиметарски радари.

Овој моќен состав е доволен за автономно управување со возилото, но додека се добијат сите потребни дозволи за таа функција, возилото ќе се смета со можност само за полу самостојно возење.

Статусот на премиум електричен производител би требало да се оправда и со посебно дизајнираниот систем за осветлување. Во таа функција се ставаат 2,6 милиони пиксели.

Од техничките специфики треба да се спомне и можноста за безжично полнење кое овозможува со еден час полнење да се поминат до 80 километри. Луксузната електрична лимузина ќе се појави наскоро, а СУВ претставникот се очекува идната година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот