СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Kia XCeed GT Line: Благ редизајн и спортска ињекција

 

Со вградувањето на докажаниот турбаш од 204 КС, редизајнираниот XCeed добива на имиџ кај спортски настроените клиенти.

Интересентите на компактниот кросовер се ставени пред дилема.

Кој од турбо бензинците да се одбере: 1,5 со 160 КС или за нијанса поголемиот 1,6 кој испорачува амбициозни 204 КС.

Посилниот мотор го познаваме од порано каде што верно служеше во спортските „GT“-верзии на семејството Ceed.

Сега истиот тој снагатор се вградува во редизајнираниот XCeed каде што е означен како, GT Line. Се чини дека врвот на понудата (GT) е резервиран за електрифицирана верзија, која неслужбено, би имала близу 300 КС.

Се навраќаме на редизајнот на компактниот кросовер на Kia. Воглавно се работи за естетски корекции кои се ставени во служба на осовременување на визуелниот впечаток.

Предната маска сега може да се пофали со ширококо растегнат, пријателска насмевка. Во визуелизацијата на предниот дел својa улога имаат и новите одбојници, маската,…

Најдоминантна промена на задниот дел е направена во светлосната група која сега освен што има нова (саќеста) форма, има и векторски начин на светење на трепкачите.

Внатрешноста е задржава во својот веќе препознатлив облик, карактеристечен според целосната дигиталната инструментализација.

Тука се и средишниот мултифункционален екран, ергономија е непогрешива, а во GT Line нивото на опрема не останавува ништо додатно да се посака. Цената на така конципираната понуда е поставена на 33.450 евра.

Се чини дека Kia многу мудро ја надмина кризната состојба со производните капацитети.

Додека поголемиот дел од производителите сеуште се борат со хаосот во кој западна индустријата, Корејците веќе можат да се пофалат со задоволување на зголемената побарувачка.

Добар показател за тоа е токму салонот на домашниот дистрибутер во кој не недостасуваше ниту еден модел од актуелната понуда.

Напротив, можевме да забележиме присуство на целата гама помеѓу кои и три модели со мотор од 204 КС. Покрај Rio, Stonic, во салонот беа изложени уште и Ceed во стандардна и караванска верзија, потоа Proceed, и секако Xceed.

Почесно место зазема бестселерот Kia Sporatage, кој секако дека и годинава е нерикосновен шампион во желбите на домашните SUV лубители.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг