СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Kalashnikov UV-4: автомобилски истрел

 

Рускиот производител познат по своето автоматско оружје, се префрла на полето на електрични автомобили.

Самото спомнување на Kalashnikov предизвикува силен мирис на барут.

Никој не помислуваше дека славната руска фабрика еден ден ќе почне да произведува еколошко настроени електрични автомобили.

Префрлањето од оружје со ознаката АК 47, на електричен мини автомобил означен како UV-4 се одвива прилично елегантно.

Првенствено наменет за такси превоз, малиот урабан превозник се развиваше како двосед со две тркала напред и едно позади, но и како четирисед со по две странични врати и четири тркала.

Од останатите технички спецификации на UV-4 се знае дека во него е вграден електромотор со моќност од 50 kW (68 КС) кој може со едно полнење на батериите да помине растојание од околу 150 километри.

Максималната брзина, на возилцето долго 3.4 метри и тежина од 650 kg, изнесува 80 км/ч. Сосема доволно за прикладно, и пред се, за еколошко возило наменето за урбан превоз на патници.

Од концепциски аспект, најблизок со него би бил Renault Twizy со таа разлика што веќе етаблираниот француз се произведува само како двосед.

За цената и обемот на планирано производство засега не се објавуваат податоци, но ако се суди според пројавениот интерес, сериското производство треба што побргу да биде започнато.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV