СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Колку резервации има Tesla за Cybertruck?

 

Беше дочекан на нож, но маркетингот си го направи своето – иако нема ни абер од почетокот на неговото производство, електричниот пикап на Tesla веќе привлече огромен број заинтересирани купувачи.

Тоа што е скап како суво злато како воопшто да немаше влијание – иако официјално не е потврдено, американскиот производител веќе си има обезбедено милијарди долари приходи.

Фактите велат дека Cybertruck за само една недела по премиерата веќе имаше 250.000 резервации, кои до пред шест месеци се искачија на 650.000.

Сега пак, порталот Electrek кој врз основа на сопствена шема доста професионално ги следи овие работи, тврди дека Tesla собрала неверојатни 1.270.000 резервации за Cybertruck!

Иако е сосема јасно дека нема сите да се реализираат, претворени во пари тие би тежеле вртоглави 80 милијарди долари!

Е па, нека е на здравје!

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV