СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Hyundai Le Fil Rouge: Повисокото ниво на Hyundai (видео)

 

Новиот концепт на Hyundai го токрива правецот во кој ќе се движи корејскиот производител во наредната декада.

Le Fil Rouge е прекрасен автомобил. Изгледа како да е пристигнат од иднина, а сепак достапен за секого веќе утре.

Шеф дизајнерот Лук Донкерволке објаснува на што е потрошена изминатава декада потребна за креирање на концептот: Le Fil Rouge претставува перфектна хармонија помеѓу емоцијата и функцијата.

За да се постигне таа цел и успешно да се поврзат минатото, сегашноста и иднината на брендот, поставени се четири нови столба: пропорцијата, архитектурата, стилот и технологијата.

Секој вграден дизајнерски елемент ја надополнува импресивната слика.

Без разлика дали се работи за големото меѓусокино растојание, малите превеси, иновативната маска со посебно осветлување или пак дизајнот на големите тркала, сите тие заедно го градат духот на идните модели на Hyundai.

Кога на тоа ќе додаде и уникатната архитектурата на внатрешноста, зборовите на СангЈуп Ли, одговорен стилист во Hyundai кој вели дека со Le Fil Rouge се зачекорува во ниво на развојот, добиваат на посебна тежина.

Лубителите на новите технологии ќе дојдат на свое со сознанието дека концептот при движење ќе емитува нула уздувни гасови. На кој начин ќе се генерира потребната електрична енергија пред се ќе зависи ефикасноста на системите, на чиј развој интензивно работат инженерите на Hyundai.

Дали тоа ќе бидат модули со горивни ќелии (сериски ги има во производство уште од 2011), капацитетни батерии кои брзо се полнат (експериментално веќе се во употреба) или пак некоја нова технологија која се чува во тајност – сеедно.

Сепак, Le Fil Rouge е јасен показател на правецот по кој ќе се движи Hyundai во иднина.

Само еден детал доволно го наговестува тој тренд. Имено, дали возилото е управувано од возач или пак се движи автономно ќе може да се забележи преку 3D светлата поствани во карактеристичната маска на концептот.

За да се дојде до тој оптимален видео ефект ангажирана е компанијата Wallpaper и светски познатиот видео дизајнер, Мориц Валдемејер (Moritz Waldemeyer). Ете до таму е стигната работата!

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=el4qx9eP8xI&feature=youtu.be[/tube]

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот