СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Ford Ranger Raptor – Off-road ѕверка [видео]

 

Ford конечно го претстави новиот Ranger Raptor, кој со својата сила и можности ќе ги надмине сите пикап возила на европскиот пазар.

За него инженерите развија поцврста шасија која освен што ќе ги поднесе поголемите оптоварувања, со подобрите возни својства ќе донесе и повисоко ниво на комфор.

Можеби токму тоа е причина зошто Ford одлучи на купувачите во Европа прво да им ја понуди врвната Ranger Raptor изведба, а потоа Sport и Wildtrak.

За погон на овој пикап се користи 3.0 EcoBoost V6 мотор со 288 KS и 491 Nm максимален вртежен момент, развиен во соработка со перформансното одделение на марката.

Карактеристика му е што блокот е излеан од високојагленороден челик кој е за 75 отсто поцврст во однос на претходната генерација.

Заради новата шасија преработено е ослонувањето кое користи подесливи амортизери и има повисок клиренс и подобра стабилност.

Теренските способности се врвни, а погонот на сите четири тркала е постојан а го контролира електрониката.

За секој случај тука се присутни и блокирањето на предниот и задниот диференцијал како и редукторот кој доаѓа како опциска можност.

Електрониката нуди седум режими на возење – Normal, Sport, Slippery, Rock Crawl, Sand, Mud/Ruts и Baja, а Trail Control системот го олеснува влечењето приколка.

 

 

Во внатрешноста покрај спортските седишта возачот ќе го дочека и новиот SYNC 4 Bang&Olufson инфозабавен систем со вертикално поставен централен екран од 12,4 инчи и 10 звучници.

Производството на Ranger за европскиот пазар ќе се одвива во фабриката на Ford во Јужна Африка, заедно со идната генерација на Volkswagen Amarok.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео