СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Ford F 150 Lightning: Врвна понуда, популарни цени

 

Веднаш по официјализирање на новиот електричен пикап, Ford ги обзнани цените и го отвори списокот за нарачки. 

Ford му ги замати сметките на General Motors – електричната верзија на F-150 наречена Lightning е значајно поевтина од GMC Hummer EV.

И, не случајно, бидејќи овој пикап веќе 40 години е најпродавано возило во Америка и такво треба да остане.

Затоа и интересот со кој беше дочекана неговата електрична изведба беше голем – дури и претседателот Бајден се заинтересира за него. Постојат две изведби – првата со 426, а втората со 563 КС.

И двете имаат по два електромотора кои струјата ја добиваат од пакет батерии кои во првиот случај обезбедуваат автономија од 370, а во вториот 483 километри.

Инсталирани се во подницата на возилото и подржуваат до шест начини на полнење, а можат да се користат и за напојување надворешни уреди со струја.

Посилната верзија со 563 коњи и 1.051 Nm има воодушевувачки перформанси – до 96 km/h забрзува за 4,4 секунди.

Ослонувањето е независно, а двата мотори рапоредени на двете оски, нормално, обезбедуваат погон на сите тркала.

Сите својства кои ја подигнаа серијата F-150 на ниво на легенда, во смисла на совладување на тешки терени, влечење приколки и разни тешки физички работни задачи, остануваат да го красат и електричниот претставник.

Патниците имаат на располагање бројни работи преземени од Mustang Mach-E, а има и два багажника, од кои изненадува тој под предниот поклопец.

Цените започнуваат од 39.974 долари без субвенции и се искачуваат до околу 90.000. Нарачките веќе започнаа да се примаат, а првите испораки се предвидени за идната пролет.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV