СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Tesla Roadster – до 100 km/h за само 1,1 секунда!

 

Првата генерација на Tesla Roadster претставена во 2008 година беше базирана на суперлесната шасија на Lotus Elise и до 100 km/h забрзуваше за фантастични 3,7 секунди.

Воедно прв автомобил на калифорниската компанија, се произведуваше до 2012 година до кога беа направени само 2.450 примероци.

Но таков каков што беше ја лансираше Tesla во светот на автомобилите и затоа со право се прашуваме што може да се очекува од неговата втора генерација.

Неа Елон Маск ја претстави уште во ноември 2017-тата, со ветување дека ќе има бомбастични перформанси и дека ќе започне да се произведува кон средината или на крајот од оваа 2021 година.

Во меѓувреме производствените приоритети се сменија и појавувањето на Roadster беше одложено за идната година, но ветувањата за перформансите останаа.

Дури и се надградија – најновите вести велат дека ќе има забрзување од 0 до 100 километри на час за неверојатни 1,1 секунда!

За тоа како помош ќе користи ракетен мотор, за кој Маск уште одамна зборуваше дека му е желба да го вгради во овој, од негова страна очигледно привилегиран модел во гамата на Tesla.

Иако е тешко е да се поверува во ракетните бројки за забрзувањето, еден факт е неоспорен – сé што замислил и ветил, Маск со задоцнување, но сепак исполнил.

Да сме живи и здрави до догодина!

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV