СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Tesla собра преку милион нарачки за Cybertruck!

 

Бомбастичниот интерес за електричниот пикап на Tesla на Елон Маск ќе му донесе огромна заработувачка.

Иако сé уште точно не се ни знае кога ќе започне да се произведува, купувачите на футуристичкиот Tesla Cybertruck одамна застанаа во ред за него.

Најновите информации велат дека калифорниската компанија досега собрала преку милион нарачки за него!

Бројката не е официјална, иако сосема е можно да биде вистинска бидејќи друг извор во февруари 2020 година прецизно тврдеше дека до тој момент се направени 535.000 нарачки.

Сепак јасно е дека некои од оние кои имаат направено нарачка нема да ја потврдат кога Tesla ќе го побара од тоа, но колкава ќе биде тој процент не може да се претпоставува.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV