СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Duesenbeg SSJ од 1935 оди на аукција, се очекува цена од над 10 милиони долари

 

Аукциите организирани од Pebble Bach неретко знаат да понудат едни од најдобрите и најретките возила. Токму таков е Duesenbeg SSJ произведен во 1935 чиј горд сопственик бил Гари Купер.

Очекуваната цена која ќе ја достигне  Duesenbeg SSJ изнесува над 10 милиони долари. Па нели е тоа малку нереална сума? Всушност тоа е цената која ја достигнуваат највредните спортски примероци од калибарот на Ferrari и друштвото.

Да но сето тоа заедно е вградено и во вкупно двата произведени примерока на американскиот спортски кабриолет.

Освен уникатноста обезбедена со производство на само два примерока, спектакуларни се и двајцата сопственици – холивудските великани, Клерк Гебл и Гари Купер.

Техничкиот аспект на производите на некогашниот производител од Индијана ни открива низа технолошки бисери.

Моделот SSJ има пократко меќуоскино растојание од SJ и J изведбите, вградениот мотор има надполнење, располага со осум линиски поставени цилиндри, од кои се истиснуваат околу 400 КС.

Постигнатата силина, помеѓу останатото, се должи и на двојната брегаста оска која покренува по четири вентили по цилиндар. Според фабричките податоци, безвременскиот убавец забрзувал до крајна брзина од 225 км/ч.

Уште еднаш да се потсетиме дека говориме за модел кој е произведен 1935 година. Кога ќе се погледне Duesenbeg SSJ по цели 83 години, очекуваната аукциска цена од 10 милиони долари се чини сосема коректна!

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV