СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Opel го најавува својот нов имиџ

 

Пред крајот на годината, концепт возило што во моментов се создава во студиото за дизајн ќе покаже каде се движи Opel.

“PACE! планот е компас за одржлива и успешна иднина за Opel “, вели Мајкл Лохшелер. “Покрај зголемување на профитабилноста и ефикасноста, PACE! вклучува и зајакнување на Opel брендот.

Затоа им дадов на моите тимови задачa да го прецизираат профилот на Opel и да создадат концептен автомобил кој ја симболизира насоката кон која одиме “.

Германски, пристапeн, возбудлив – ова се трите вредности на брендот кои се вградени во ДНК-то на секој модел и иницијатива на Opel, и ќе продолжи да го прави тоа во иднина.

Во последниве месеци, типовите на дизајнот, маркетингот и инженерингот на Opel ги наоѓаат одговорите на прашањето како овие вредности можат подобро да бидат сплетени од дизајнот, технологијата и содржината на автомобилите на Opel и пристапот кој компанијата го има кон своите клиенти.

Тимот околу заменик претседателот за дзајн, Марк Адамс ја ревидираше филозофијата на дизајнот на Opel и има намера да примени некои дотерувања при создавањето на идните бестселери од Рiселсхајм. Првиот поглед на она што го има во иднина и како ќе изгледаат моделите на Opel до средината на 2020 година сега е откриено – сѐ уште скриено под наслов, но веќе покажувајќи значајни детали.

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV