СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Bentley Bentayga e нјабрзиот SUV во светот

 

Во неразумната трка за најбрз SUV во светот, Lamborghini Urus и Bentley Bentayga водат бескомпромисна војна. Моментално приматот го има првиот SUV на Bentley.

Bentayga Speed, хипер луксузниот SUV на Bentley може да постигне 305 км/ч. Тоа е само за занемарувачки 1 км/ч побрзо од Lamborghini Urus, но сепак доволно за моментално водство во виртуелната трка.

Максималната брзина на хипер луксузиниот SUV ја овозможува 6.0 литарскиот W12 битурбо моторот преку испорака на 635 КС и вртежен момент од цели 900 Nm.

Естетски, Speed се разликува од сериските изведби според големите 22 инчни тркала, видливите ознаки и задниот спојлер. Децентни разлики има и во внатрешноста, така да сопственикот во секој момент е свесен дека управува со најбрзиот SUV.

Од друга страна, за да се сопре оваа тешка и брза грдосија производителот вградува керамички сопирачки. Иако амортизацијата е потврда, сепак сите патници и понатаму ќе можат да уживаат во врвниот комфор и уште полуксузниот амбинет.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот