СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Audi Grandsphere – A8 на иднината [видео]

 

Вториот од најавените три Sphere-концепти на Audi покажува како ќе изгледа новиот модел во сегментот на големите лимузини.

После иновативниот двосед Skysphere со променливо меѓуоскино растојание, од Audi пристигнува концепт на атрактивна лимузина со таканаречен boat tail заден дел, наречен Grandsphere.

Нудејќи и систем за автономно возење од ниво 4, Германците ја потенцираат целта што сакаат да ја постигнат со неа – да обезбедат чувство на возење како со авионска прва класа.

Затоа, велат, доживувањето на самиот автомобил е споредно, а во фокусот се дизајнот и ентериерот уреден според 2+2 шемата, но во една поинаква а не спортска конотација.

Во автономниот режим воланот и педалите се сокриени и кабината добива, повторно да употребиме авионски израз, lounge карактер не само за патниците назад удобно сместени на својот кауч.

Grandsphere го препознава возачот, му ја отвора вратата, ги прилагодува клима уредот и седиштата кои можат да се свртат до 60 степени и на големите мултимедиски екрани го пренесува она што тој во моментот го работи на својот телефон.

Оваа огромна лимузина долга 5,35 и широка 2 метра е задвижувана од два електромотора со вкупен максимум од 710 KS и 960 Nm, со кои 100 km/h фаќа за околу 4 секунди.

Батеријата од 120 kWh треба да обезбеди автономијата од околу 750 km, а основа за сета механика е PPE платформата најавена со A6 e-Tron.

Audi (сé уште) не потврди, но скоро сигурно е дека во овој концепт се крие новиот A8 кој на почетокот на 2024 година во својот сегмент ќе донесе мноштво нови работи.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV