СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Audi Skysphere Concept: Блиската иднина на Audi [видео]

 

На престојниот, 2021 Pebble Beach Concours d’Elegance, Audi премиерно ќе го прикаже концептот Skysphere кој е дел од електричната трилогија “Sphere”.

Pebble Beach е монденско место сместено на север од Сан Франциско познато по прекрасните терени за голф.

На заливските терени уште од 1950 година се одржува изложба на екстравагантни возила, Concours d’Elegance.

На годинешното издание, Audi за прв пат ќе го претстави концептот Skysphere – електричен кабриолет со изразито елегантни линии.

Импресивниот концепт е првиот од трилогијата “Sphere” која уште ја сочинуваат знаменосецот Grandsphere и сестраниот Urbansphere.

Дизајнерите на надворешниот облик инспирацијата ја црпеле од Horch Roadster произведен 1937 г. – Horch, Audi, DKW и Wanderer го формираат Auto Union кој е претходник на денешен Audi – додека футуристичката внатрешност е осмислена од страна на американската експозитура на Audi сместена во Малибу.

Обликот подетално нема да го опишуваме (го има во видео прилогот), а тоа што може и да се претпостави е употребата на нови и еколошки материјали.

Сепак, не може а да не бидат споменати групата на LED светла сместени по целата широчина на предниот и задниот дел кои се јасна најава за сите нови модели на Audi кои ќе следат во блиска иднина.

Но, тоа ниту одблизу не е сé. Електричниот двосед поседува една специфика која е апсолутен новитет во автомобилизмот. Меѓуоскиното растојание може да се менува за цели 25 cm што предизвикува целосна промена на карактерот.

Во само неколку секунди, со вклучување на само еден прекинувач, Skysphere се трансформира од Grand Tourer во спортски Roadster. Извонредно техничко решение кое се случува зад предната оска, а кое е помогнато од хидрауличните амортизери.

Промената на обликот е проследена и со начинот на однесување на возилото. Штом од подолгото растојание (GT) се премина на пократко (Sport) се повлекуваат управувачот и педалите па двајцата среќници ќе може да уживаат во спортско возење а притоа да не мора самите да управуваат.

Според сегашниве норми станува збор за автономија од Level 4, односно освен задавањето на дестинацијата, возачот може комотно да се занимава со друга активност.

Далеку од воодушувачките погледи се сокриени сетот акумулатори со капацитет од 80 kWh (киловат часови) и електромоторот со моќност од 465 kW односно 624 КС.

И повеќе од јасно е дека оваа погонска поставка може да обезбеди спортски перформанси. Производителот ветува автономија од 5оо km. и стреловито забрзување кое не трае подолго од 3 секунди.

Кога Skysphere ќе го видиме во серија? Веројатно за година-две, затоа што вториот модел (Grand Tourer) од електричната трилогија во салоните се очекува кон средината на деценијава.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV