СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Smart се ресетираше, сега навистина изгледа како играчка

 

Доаѓа новата ера за Smart – покажан е концептот кој најавува какви ќе бидат моделите на оваа марка по ресетирањето.

Набргу откако беше донесена одлука производството на Smart да се пресели во Кина, беше најавено дека првиот модел на марката од новата ера ќе биде електричен SUV.

Ултрамодерен, софистициран и напреден, тој ќе се базира на механиката на Geely додека за дизајнот и понатаму ќе биде одговорен Mercedes.

Како ќе изгледа новиот модел и генерално целиот дизајнерски израз на марката ни најавува концептот со ознака #1, претпремиерно покажан во предвечерието на салонот во Минхен.

Неговите творци за него велат дека означува промена во позиционирањето на марката во согласност со нејзините претстојни премиум и хај-тек аспирации.

Велат уште и дека е поубав, поспортски и „покул“ отколку порано, на што првите кои се осмелија да го коментираат им реплицираа дека сега навистина изгледа како детска играчка.

Но до појавувањето на серискиот модел закажано за 2023 година има уште доста време, така што некои работи може да се сменат, а на некои ќе се навикнеме.

Како и да е, ако се задржат пропорциите од концептот, идниот модел ќе биде најголемиот Smart досега, со должина од 4,3, ширина од 1,9 и висина од 1,7 m.

Овие димензии, заедно со меѓуоскиното растојание од 2,75 метри ветуваат широкограда внатрешност со пет седишта, направена за потребите на младите семејства.

За тоа со што ќе биде задвижуван и колку километри ќе може да помине, нема ниту збор.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV