СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mercedes-Benz A35 AMG: Седански влез во светот на AMG

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: MBA35Amg not found

 

Неодамна претставениот седан, изграден врз база на хечбек верзијата на А-класа добива и спортски, A35 AMG, член со 306 КС.

Штом AMG ознаката се покаже во некој модел на Mercedes-Benz веднаш станува јасно дека говориме за најистакнат спортист од тоа семејство. Така е и во случајот на новата А-класа во варијанта со продолжена каросерија .

Додека пристигне топ спортистот А45 кој се очекува да ослободува над 400 коњи, лубителите на спортските седани ќе мора да се задоволат со влезниот А35 кој развива „само“ 306 КС.

Двелитарскиот турбо мотор преку 8-степенски AMG Speedshift менувач со двојна спојка, силината ја пренесува на двете оски.

Прелевањето на вртежниот момент се одвива автоматски – иницијално 50:50 со можност за целосно префрлување на силината само на предната или само на задната оска.

Забрзувањето на најмалиот седан на Mercedes-Benz од само 4.8 секунди јасно дава до знаење кој е кој во светот на спортските возила.

На таа линија е и максималната брзина електронски ограничена на 250 км/ч, инаку A35 AMG може и многу повеќе. Повторуваме ова е најскромниот модел со ознаките на AMG.

Покрај спортскиот карактер, седанот на MB оспособен е за испорака и на класични квалитети. Удобното сместување на патниците и на нивниот багаж (420 литри) воопшто не се жртва на перформансите.

Ентериерот на A35 AMG е во стилот на хечбек верзијата односно со два големи екрани чиј приказ може да модифицира во зависност од преференциите на возачот.

Бројните решенија како што се на пример петте различни модови на возење, потоа посебната заштита на просторот под моторот, Race Start функцијата, меморирањето на податоците за секој поминат круг на тркачка патека, како и сугестии за надминување на грешките, … можат да се најдат само кај сериско возило од производител која е светскиот шампион во Formula 1.

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот