СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Ferrari P80/C – Dino од 21. век

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: FerrariP80 not found

 

Лабораторијата од Маранело изработи one-off модел за специјални купувачи. Со Ferrari P80-C дизајнерската екипа јасно алудира на славното минато од шеесетите –  330 P3/P4 и Dino 206 S од 1966, доживуваат нова интерпретација.

Да се конструира целосно нов тркачки болид покрај постоечката гама и сите нивни натпреварувачки верзии, воопшто не е едноставна задача.

Па макар се работело за производител од калибарот на еден Ferrari. Добра илустрација за тоа се четирите поминати години во развој на Ferrari P80/C.

Необично долгото време воглавно е потрошено на усогласување на новата аеродинамика со постоечката механичка основа позајмена од Ferrari 488 GT3.

Во Ferrari Styling Centre кое е раководено од Флавио Манцони, воопшто не жалат за вложениот труд.

Причината е очигледна: P80/C е стилска разгледница во која се проткаени модели со временска дистанца од речиси 60 години. Да, то се неповторливите 330 P3/P4 и Dino 206 S.

И слично како и легендите исто така и P80/C е чисто тркачки болид. Решенијата од типот на предни или задни светла или пак друга опрема неопходна за излегување на јавни патишта, тука залудно ќе ги барате.

Поместувањето на возачката кабина нанапред е решение на кое е потрошено голема конструкторско знаење. Но затоа пак, дизајнерите добиле додатен простор за имплементирање на саканите стилски елементи.

Резултатот е фасцинантен – на големи ѕвона удираат екстремно нискиот преден спојлер, страничните дифузери и задниот широк стабилизатор.

Големите странични отвори поставени веднаш зад вратите заедно со уште еден пар отвори сместени ниско на подницата, имаат задача за обезбедување доволни количини воздух за ладење.

Кога така ќе се погледнат нештата овој специјално направен Ferrari силно мириса на болидите од F1. Да, разликата се прави во затворената кабина (со вграден рол-бар) и секако во моторите. Кај P80/C, сместен зад возачот, работи идентичен мотор како кај донаторот: V8 Biturbo со 3.9 литри кој испорачува 550 КС.

Само да потсетиме дека натпреварувачкиот GT3 чини околу 600 илјади евра. Но, кај специјалните серии цената, нели, игра второстепена улога!

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот