СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

McLaren 600LT Spyder MSO: подобрување на перфекцијата

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: McLaren600SpiderMSO not found

 

Специјалната дивизија за преработки, McLaren Special Operations (MSO) се погрижи стандардните модели на Mclaren да ги додера до перфекција. Последната нивна ккреација McLaren 600LT Spyder MSO, купувачите ќе имаат прилика сериски да ја добијат веќе од идниот месец.

Кој не би посакал за престојното лето да има на располагање спортски (ама, ептен спортски) кабриолет со 600 КС.

Секој! Ако е „секој“ тоа значи дека секогаш ќе има поединци што ќе посакаат да го поминат тој праг и да се возат во рачно направено возило кое ќе се разликува од останатите (неколкумина).

Тоа отприлика е приказната за серискиот McLaren 600LT Spyder и посебната MSO преработка.

Наставката MSO (McLaren Special Operations) дава до знаење дека посебна екипа од врвни професионалци сериозно се  позанимавеле со серискиот модел.

Најнапред тука се мисли на функционалните решенија како што се подобрената аеродинамика, поинакво дизајнираниот спортски издув, па дури и благо променетата мапа на контролната електрониката.

Сето тоа зачинето со посебни каросериски бои и исто такви естетски промени го доведуваат McLaren 600LT Spyder MSO до границите на перфектното.

Механичката основа составена од 3.8 литарскиот V8, twin turbo, останува непроменета. Максималната силина од 600 КС е доволна за забрзување од само 2.9 секунди и максимум од 324 км/ч.

Со отворен покрив, максималната брзина се намалува за безначајни 8 км/ч, што значи дека кабриолетот останува неприкосновен владар на брзините.

Тоа е начинот на кој размислува производителот на хипер спортски автомобили. Радоста им останува на малубројните среќници што ќе можат да си дозволат додатни подобрувања на ионака перфектниот кабриолет.

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот