Tucson е првиот SUV на Hyundai кој ги добива естетските елементи од спортската N-линија која започна со претставувањето на првиот сериски спортист i30 N.
Hyundai своите спортски изведеници ги означува со буквата “N”. Тоа доаѓа од двата центри за испитување и развој на спортски возила, Нирбургринг (Германија) и Намјанг (Кореја).
Прво возило кое ја понесе спортската ознака “N” беше компактот i30 кој сериозно ги размрда спортските конкуренти од класата „околу 300 КС“.
Иако со „поскромни“ 275 КС, перформасните, едноставното управување и можноста за секојдневно користење, создадоа исклучително широк круг на обожаватели.
Проширувањето на останатите модели на гамата, Hyundai го изведува внимателно, па така покрај Veloster и i30 Fastback сега дојде редот и на Tucson.
Веднаш да разјасниме дека кај семејниот SUV станува збор за естетски N Line дотерувања, а не за вградување на перформансен мотор. Tucson (Тусон) како најпродаван модел на Hyundai во Европа бездруго го заслужува тоа.
N Line елементите ќе бидат достапни како за моделот со погон на предна оска, исто така и за верзиите со интергален погон.
Привилиегијата први да бидат оплементи со елементи од N Line линијата ја имаат двата дизели со 48-волтна хибридна технологија.
Првично вградена во дволитарскиот мотор (185 КС) а сега понудена и во помалиот, 1.6 литарски дизел (136 КС), Mild Hybrid технологијата ја спушта потрошувачката на гориво за цели 11%.
Најновата технологија која вклучува 0.44 kW/h 48-волтна литиум јонска батерија, сега почнува да се вградува и во турбо бензинецот 1.6 T-GDI со 177 КС.
За естетските промени на надворешноста и имплементирањето на спортски елементи во внатрешноста најдобро ќе биде да ја погледнете приложената фото-галерија.