СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Kia Imagine Concept: Замислете си електричен концепт

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: KiaImagine not found

 

На Geneva 2019, Kia претстави електричен концепет прополн со иновативни решенија, кој воедно веќе може да биде сериски реализиран.

Грегори Гилом (Gregory Guillaume) шеф на дизајнерската екипа на европската дивизија на Kia, ги потпишува сите актуелни модели на марката. И не само тие туку и моделите кои допрва ќе ги гледаме во продажните салони.

Imagine Concept кој во концептна изведба беше премиерно прикажан на женесвскиот автомобилски салон, ја презема улогата на предводник на нова класа чисти електрични возила.

Четиривратниот седан е современа визуелна интерпретација на вредностите по кои јужно корејскиот производител сака да биде препознаван. Традиционализмот и современиот пристап се сретнуваат во една точка која не ги остава рамнодушни ниту конзервативците ниту пак визионерите.

Едно од решенијата на иднината секако спаѓа големиот инфо екран. Всушност се работи за 21 одделни екрани со големина на самртфон кои прикажуваат една интегрална слика, или пак секој за себе прикажува посебен мерен инструмент.

Погледот на надворешноста веднаш дава до знаење дека „струјата“ игра главна улога. Отсуството на средишниот столб овозможува опонентно отварање на вратите факт кој ќе ги израдува сите патници кои преферираат седење на задната клупа.

Иако електричниот кросовер, e-Niro веќе на големо вози по светските патишта сепак Imagine е првиот вистински седан со електричен погон.

Ваквиот епитет се заслужува со фактот што, како вистински електричар, Imagine има сет од батерии кој е сместен на подницата додека електричниот Niro е изведен од неговата хибридна верзија кај која постои и класичен мотор.

Во Kia постои голем потенцијал на „моќ за да изненади“. Со сместување во „Ц“ сегментот на седани, Imagine претставува само почеток на една перспективна електрична приказна.

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот