СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mercedes-AMG A35: Спортската А-класа започнува со 306 КС

 

Спортскиот животен век новата А-класа ја започнува со изведбата AMG А35 која ослободува 306 КС за да подоцна го зададе последниот удар со врвниот спортист, AMG A45 со над 400 КС.

На престојната автомобилска смотра во Париз, Mercedes ќе ја прикаже спортската AMG A35 верзија на новата А-Класа. Таков е редот кај изумителот на автомобилите.

Разликата се прави во приодот – сега наместо една во најава се две спортски изведби на неодамна претставениот хечбек.

За почеток се напаѓа густо населената класа од 300 коњи за да потоа се зададе крајниот удар со верзијат која ќе ослободува над 400 КС.

Како што е тоа редот за возилата со името на Mercedes и со наставката AMG, која недвосмислено асоцира на врвни спортски машини, А35 ќе биде збир од технолошки решенија кои во потполност би требало да ги исполнат високите очекувања.

Очекувано, моторот има четири цилиндри, работен волумен од 2.0 литри и турбо полнач кој е тука за лесна помош во постигнување на саканата силина.

Три стотини коњски сили лесно постигнуваат и конкурентите, дури можат и многу преку тој праг, но како ограничувачки фактор им се јавува преносот само на предната оска.

Токму тоа е прагот од кој започнува приказната за спортските изведеници на мерцедесовите модели.

Никаква магија не е во прашање, едноставно AMG A35 силината ја пренесува на двете оски, така да таа природна граница лесно се премостува. Вградениот менувач е (очекувано) автоматски, со двојна спојка, а може да брои до седум.

Перформаси? Крајната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч а забрзувањето до првата стотка изнесува 4.7 секунди.

За корисниците кои сакаат докрај да ги почуствуваат овие перформанси на располагање им се става токму таков сетинг на постројот додека посмирените возачи можат истото возило да го користат за секојдбневна употреба.

Се што треба да направат е да го изберат адекватниот мод, за да A35 веднаш им ја разбере намерата.

Mercedes-AMG A35 на пазарите се очекува на почетокот на идната година со цена која ќе биде адекватна за производител кој е актуелен светски шампион во Формула 1.

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот