СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Audi e-tron: Audi заплови во електрични води

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: Audie_tron not found

 

Со голема помпа и уште пооптимистички најави Audi го претстави својот прв целосно електричен автомобил. Честа за премиерен влез во светот на електричните возила ја имаше SUV претставникот, e-tron.

Audi полека се одалечува од моторите со внатрешно согорување. Поготово од дизелите со кои максимално се искомпромитира, појава која започна на американскиот континент.

Токму на местото на загадувањето, германскиот производител реши да го прикаже својот прв сериски автомобил кој се движи само со помош на електрична енергија, односно загадува со нула издувни гасови. Спортскиот SUV, сугестивно наречен, e-tron гламурозно е претставен во Лос Анџелес.

Претставен како „менувач на играта“ e-tron располага со низа нови технолошки решенија, а колку навистина ги менува можностите на постојните електрични автомобили, останува тема за отворена дискусија.

Проектиран како спортскиот електричен SUV, на подницата на e-tron е монтиран сет на батерии со капацитет од 95 kWh. Како за споредба нека послужи Tesla Model 3 кој се нуди во две варијанти на батерии од кои едната е со помал а другата со поголем капацитет од тој на e-tron.

Во секој случај говориме за по еден електромотор на двете оски со заедничка силина од 355 КС. Во случај на потреба нивната моментална силина може да се покачи на 402 КС.

Тое е доволно за постигнување на максимална брзина од големи 200 км/ч која, според добриот обичај на EV, е електронски ограничена. Конкуренцијата тоа го прави на околу 160 км/ч со што e-tron значително ја померува таа граница.

Забрзувањето до првата стотка изнесува само 5.7 секунди, резултат кој го сместува високо во класата на спортски возила.

Можноста за зголемена проодност, во стилот на Quattro погонот, кај e-tron се постигнува со електронска контрола на влечноста на двата мотори вградени по еден на секоја оска. Електронската контрола овде реагира во само 5 милисекунди што е драматично побрзо отколку кај механичките склопови.

Во постигнувањето на одличните динамички вредности свој придонес дава и одличната аеродинамика (Cw=0.27) во која пак свој удел имаат и компактните камери вградени наместо класични ретровизори.

Системот за регенерација на топлинските и инерцијалните сили е деклариран како ново ниво во оваа област, факт што значително би требало да влијае на автономијата на e-tron.

Еден од најважните моменти кај електричните возила секако дека е нивната автономија како и времето на повторно полнење на батериите. Со полни батерии „електричарот“ на Audi просечно може да помине околу 415 км, а од друга страна полнењето на батериите од 0 до 80% се постигнува за временски интервал од само половина час.

Оттука препораката на производителот дека електричниот SUV претставува одлична можност за подолги семејни патувања. Притоа мора да истакнеме дека тоа е возможно само во САД каде што на пристојни растојанија веќе се инсталирани брзи полначи (150 kWh).

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот