СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Најомилените модели во Европа

 

Според податоците кои ги прибра екипата на порталот „fokus2move“ најомилен модел кај купувачите во првата половина од годината останува VW Golf следен од Renault Clio и VW Polo.

На првите десет места на најомилени модели на цела територија на Европа се наоѓаат дури пет возила од „Б“ сегментот.

Од друга страна на првата десетка не се најде ниту еден модел на Opel или Fiat а од јапонците присутeн е само Nissan и тоа со само еден модел.

На првото место неприкосновено владее VW Golf со 291.520 (зголемување од 6.4% во однос на лани) продадени примероци.

На следните три позиции пласирани се три модели од иста класа – Renault Clio (207.114), VW Polo (203.247) и Ford Fiesta (162.180). Кога веќе говориме за „Б“ сегментот да напоменеме дека Peugeot 208 со 135.736 и Citroen C3 со 123.196 примероци се пласирани на осмото односно десетото место.

Интересно е да се напомене дека растечкиот сегмент на субкомпактни кросовери најдобро се огледа во продажбата на 120.582 единици на Renault Capture кој според оваа оставрување го зазеде единаесетото место во вкупниот пласман.

Распоредот на директните конкуренти од класата: Peugeot 2008 е на 18.; Toyota C-HR на 33.;  VW Т-Rock на 35.; Opel Mokka X на 52.; Opel Crossland X на 58.; Citroen C3 Aircross на 59 и тн. јасно го покажуваат зголемениот интерес за субкомпактните SUV/кросовери.

Темелноста на добиените резултати на стручните служби на „fokus2move“ се базира на анализа добиена од сите национални здруженија на производители или дилери, вклучително и Европската Асоцијација на Автомобилски Производители.

Во пресметката се вклучени 28 европски држави плус 3 членки на E.F.T.A (Швајцарија, Исланд и Норвешка) како и на државите од Источна и Јужна Европа како што се Русија, Турција, Украина, Босна, Србија, Македонија, Молдавија, Белорусија, Ерменија, Грузија и Албанија.

На листата подолу се дадени првите десет модели од вкупно обработените 100 најпродаванеи модели.

 

  1. VW Golf               291.520
  2. Renault Clio         207.114
  3. VW Polo               203.247
  4. Ford Fiesta          162.180
  5. VW Tiguan           159.529
  6. Nissan Qashqai   156.455
  7. Skoda Octavia     146.174
  8. Peugeot 208        135.736
  9. Ford Focus          133.282
  10. Citroen C3           123.196

 

Извор: www.fokus2move.com

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV