СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Mazda, Suzuki и Yamaha ги лажирале вредностите за потрошувачката

 

Трите јапонски производители признале дека ги лажирале податоците за потршувачката односно за вредноста на емисијата на штетните гасови за возилата наменети за домашниот пазар.

Јапонската Влада ги објави резултатите од најновите испитувања во кои ги обвини Mazda, Suzuki и Yamaha за манипулација со податоците за потрошувачката на моделите наменети за јапонскиот пазар.

За разлика од мега аферата „Diselgate“ во случајот со јапонските автопроизводители нема да има големи отповикувања и софтверски интервенции, од проста причина што трите јапонски бренда не прекршиле ниту еден закон туку едноставно ги мамеле своите клиенти.

Полседици од наштиманита потрошувачката на јапонските модели воопшто нема влијание врз перформансите на возилата или пак на зголемена емисија на штетни гасови со кои би се нарушиле важечките прописи, но сепак Јапонската Влада остро реагираше на лажните податоци поради можноста да се наруши високиот углед кој го уживаат јапонските автопроизводители во светот.

Аферата се очекува да биде окончана со длабокото жалење кое го изразија водечките луѓе на Mazda, Suzuki и Yamaha. Што е најважно ниту еден од најодговорните, како израз на извинување, не најави подрастични самоказнувања!

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV