СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Топ десет ценовно најповолни модели од Б-сегментот

 

Возилата од Б-сегментот се најпродавана класа на европскиот пазар. Од прилично богатиот избор изготвивме листа од десет ценовно најповолни модели.

Купувањето автомобил неретко знае да биде трауматично искуство.

Кој модел ни потребен, што нуди минималниот пакет на опрема, што можеме да си дозволиме,…?

Тоа се важните прашање кои си ги поставуваат купувачите на нови автомобили. Огромната понуда знае да направи вистински кошмар дури и кај добро упатените.

Со цел да помогнеме при изборот ви ги претставуваме десетте ценовно најповолни модели што во мометот се нудат на нашиот пазар. Кај сите модели, освен основните информации, го истакнуваме и пакетот на опрема.

Изборот на повисок пакет на опрема или пак поинаква моторизација може да значи и промена на редоследот на листата. Заедничко за сите модели е должината „околу 4 метри“ и конструкцијата со мотор и погон на преднат оска, кој без исклучок, доаѓа од бензиски агрегати.

Подолу е листата на ценовно најповолните модели на возила од Б-сегментот.

1. Hyundai i20 – 15.200

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На чело на листата се најде суб-компактот на Hyundai. i20 со Comfort нивото на опрема го движи четирицилиндричен, 1,2 литарски мотор кој испорачува 84 КС.

Макималните 173 км/ч и збарзувањето од 13,1 секунди се остваруваат преку мануелен менувач со пет степени. Hyundai i20 се нуди со 7-годишна гаранција.

 

2. Citroën C3 –  15.290 (акциска цена)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Најпродаваниот модел на Citroën во аксциска понуда чини само 90 евра поскапо од првопласираниот модел.

Наведената цена е за стартното ниво You! кој го движи трицилиндерски атмосферски 1,2 PureTech мотор со максимални 83 КС.

Перформансите говорат за забрзување од 13,3 секунди и максимум од 169 км/ч.

 

3. Skoda Fabia – 15.490

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Fabia е најновиот модел во оваа класа се нуди со ниво на опрема Ambition. За  моторизација е употребен трицилиндерскиот 1,0 турбо мотор од 80 КС.

Со 410 cm, тоа е најдолго возило во класата, а податоците за динамиката говорат за 15,5 секунди и 179 км/ч.

 

4. Toyota Yaris – 15.990

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сеуште под 16К евра останува Yaris. Влезното ниво е означен со пакет на опрема Leight, а го движи проверениот трицилиндерски мотор од 72 КС.

Рачниот менувач има пет степени кои со кои се постигнуваат забрзување од 14,6 секунди и максимални 160 км/ч. Единствен во оваа група кој доаѓа со десет годишна гаранција.

 

5. Dacia Sandero Stepway – 16.300

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во моментале недостиг на Sandero, на списокот според цената се најде неговата кросовер изведеница, Stepway.

Основното Essential ниво на опрема го движи групацискиот 1,0 TCe од 91 КС. Поврзан преку 5-степенски мануелец тој овозможува најдобро забрзување во оваа конкуренција од само 11,7 секунди и максимални 178 км/ч.

 

6. Kia Rio16.650 (акциска)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Rio со пакет на опрема Concept e придвижуван со четирицилиндерски MPi 1,2 мотор. Перформансите говорат за максимум од 165 км/ч и забрзување кое трае 13,5 секунди.

Како и останатите модели на корејците возилото е покриено со 7-годишна гарнација.

 

7. Suzuki Swift – 16.690

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Suzuki во принцип нуди најкратки возила во своите класи. Така е и со случајот на Swift кој во основната, GL верзија го движи 1,2 Dualjet + SHVS мотор.

Кратенката означува дека на механичките 83 КС добиваат додатни 2,7 КС од електриката, доволни за забрзување од 13,1 секунди и максиумални (најдобри во класата) 180 км/ч.

 

8. Seat Ibiza – 17.546

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Редизајниран пред две години, Ibiza во основната, Style конфигурација се придвижува со помош на корпорорацискиот 1,0 MPi мотор од 80 КС.

Поврзан преку 5-степенски рачен менувач тој овозможува максимум 0д 170 км/ч и забрзување од 15,3 секунди.

 

9. Opel Corsa18.410

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Групата возила над 18К евра ја предводи Corsa. Во неа работи трицилиндерскиот 1,2 мотор кој во оваа средина е подесен на 75 КС.

Основното ниво на опрема носи ознака, XEL и користи мануелната трансмисија која му овозможува забрзување од 13,2 сек. и максимална брзина од 174 км/ч.

 

10. Renault Clio – 18.790

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Десетиот на оваа листа сеуште не ја надминува цената од 19 илјади евра. Clio со пакет на опрема Equilibre го движи трицилиндрески турбо мотор од 91 КС.

Спецификациите говорат за максумум на брзина од 180 км/ч и забрзување од 12,2 секунди. Единствен од оваа листа кој има 6-степенски пренос.

 

Кратко инфо: При изработка на листата, како единствен извор на информации се користени службените ценовници објавени на сајтовите на нашите овластени продавачи.

Прилогот е работен како пресек на состојбата од 15.04. Како единствен критериум е користена почетната цена на моделите, па затоа се оградуваме од било какви споредби по изедначување на пакетите на опремa.

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

 

 

 

 

 

Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг