СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Судар со 200 км/ч (видео)

Што ќе се случи кога автомобил залетан со преку 200 км/ч ќе удри во попречно поставен автобус?

Бугарските колеги од академијата за безбедност, на подолг видео прилог, практично покажуваат што значи зголемувањето на брзината во однос на патот на сопирање.

Сите добро знаеме дека инерцијалните сили зависат од квадратот на брзината, но сепак показните вежби на експлицитен начин го покажуваат тоа.

Како кулминација на нивните тестови е приказот на екстремен судир при што Opel Omega од втората генерација е забрзана со 200 км/ч и при таа брзина удира во попречно поставен автобус.

Опелот се движи со помош на далечинско управување а на совозачкото место е поставена кукла со пропорции и тежински распоред слични на човек (сепак не е вистински Dummy).

Во автобусот исто така се поставени неколку такви кукли, а многуте камери се тука за да ги забележат и најситните детали.

Резултатот од стравичниот удар е вистинска драма. Автомобилот е тотално дезинтегриран, така да во него нема ниту теоретска шанса да се остане жив. Интересно е што и автобусот не поминува воопшто лесно. Патниците во него се со минимални шанси за преживување.

За да не објаснуваме повеќе, погледнете го видеото (делот со судирот започнува од 16:25 минута) во кое се зборува на бугарски јазик, но исто така има и титл на англиски.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео