СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Смена на спортскиот врв кај Audi – Електричниот Audi E-Tron GTR го менува R8

 

Во 2022 година, Audi планира да се збогува од атмосферскиот V10 мотор кој го вградува во спортистот, R8. Замената ќе дојде во облик на Audi E-Tron GTR кој ќе биде придвижуван со 3 електрични мотори.

Претставен 2006-та година, во Audi R8 првично се вградуваше атмосферски V8, за да пред точно десет години тој биде заменет со современ V10 мотор.

Технолошкиот близнак на Lamborghini Huracan сеуште одлично котира кај лубителите на спортските, перформансни автомобили, но …

Целата веселба ја расипуваат новите еколошки норми кои се во состојба по итно постапка да пратат во пензија секаков атмосферец, а поготово ако има атмосферски напојувани 10 цилиндри.

Соочувајќи се со таа горка вистина, Audi се подготвува на адекватен одговор. Тој доаѓа во форма на целосно електричен спортист со ознаки Audi E-Tron GTR. Трите електромотори со вкупна силина од 650 КС повеќе од сигурно ќе овозможат еднакви, ако не и подобр перформасни.

Монокок шасијата изработена од алуминиум и погонот на сите тркала се одличен предуслов за тоа.

Говорејќи за перформансите, забрзувањето кое трае нешто над две секунди и максимумот на брзина од 250 км/ч (ограничена електронски), тие не оставаат ниту трунка сомнеж.

Капацитетот на батериите од 95 kWh е доволен за автономија од нешто под 500 km. За полнење на батериите воопшто нема да бидат потребни дебели кабли затоа што е предвидено понењето да се одвива со помош на безжична технологија.

Во целава приказна со најспортскиот претставник на Audi, обесхрабрувачки момент е единствено датумот на сериското појавување – 2022 година!

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV