СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Авто Спорт

Се продава првиот F1 болид на Шумахер

 

Британскиот специјалист за историски возила Speedmastercar објави дека се продава првиот F1 болид на Михаел Шумахер.

Се работи за Jordan 191 Ford Cosworth HB кој Шумахер го има возено на големата награда на Белгија во 1991 година, еден од седумте направени од кои само два се возени од големиот мајстор.

Конкретниот Ф1 болид го имаше своето деби претходно на големата награда на Унгарија, кога со него Андреа де Чезарис го има освоено 16-тото место на квалификациите и 7-мото на трката.

Две недели потоа Шумахер со него учествува во Белгија, каде квалификациите ги завршува 7-ми, но заради проблеми со спојката мораше да се откаже уште во првиот круг.

Неговата брзина не поминува незабележана и Флавио Бриаторе веќе наредната недела потпишува договор со Шумахер за да настапува за Benetton F1 тимот.

Понатаму сé е историја.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Авто Спорт