СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Авто Спорт

Пол позиција за Леклерк на домашен терен [видео]

 

Доминантно возење на Шарл Леклерк на 2021 Monaco Grand Prix.

Воачот на Scuderia Ferrari, Шарл Леклерк на квалификациската сесија денес постигна време од 1:10:346 што беше недостижно за неговите конкуренти, па дури и за моќните „сребрени стрели“.

Но, мала непромисленост на младиот пилот, кој патем речено е роден токму во Монте Карло, кога по завршување на летечкиот круг имаше близок конктакт со заштитната ограда, лесно може да го помести на последното место.

Ако техничарите не успеат да го приспособат болидот и неговото Ferarri биде заменето, стартот на победникот ќе биде од последната 22-ра позиција.

Во секој случај вреди да се погледне импресивното видео од најбрзиот круг на денешната сесија.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Авто Спорт