СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Авто Спорт

Рели Монте Карло 2022: Победи Себастијан, втор уште еден Себастијан

 

Првиот рели од годинешниот светски шампионат влезе во историјата – победи Себастијан, а втор беше уште еден Себастијан.

И двајцата ни се добро познати, ама победникот подобро – тоа е деветкратниот WRC шампион, Себастијан Леб со Ford Puma.

Со оваа своја победа тој стана најстариот возач кој го освоил славното рели кое досега се има одржано точно 90 пати.

Но освен по тоа, годинешниот рели Монте Карло ќе остане запаметен и по борбата со  актуелниот светски шампионат Себастијан Ожие со Toyota Yaris.

Нижејќи ги етапните победи и менувајќи се на лидерската позиција, тие покажаа како возат и беспоштедно се борат мајсторите на својот занает.

На крај победи поискусниот Себастијан – со само половина секунда предност пред помладиот Себастијан, на кој заради преуранет старт судиите му додадоа уште 10 секунди пенализација.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Авто Спорт