СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Почеток на продажбата на новата „тројка“

Седмата генерација на BMW Serie 3 службено претставена пред стручната јавност. Почетната цена на баварскиот бестселер изнесува 38.900 евра.

Тројката е најпродаван модел во гамата на BMW – кумулативната продажба на шесте досегашни генерации изнесува над 15 милиони примероци.

Оттука и интересот на публиката, но и големата конструкциска посветеност. Деталите, разработени до најмала ситница, ја откриваат важноста која во BMW се посветува на седанот со спортски имиџ.

Седмото издание на Серија 3 е подолго, пошироко и речиси со идентична висина со претходникот. Видно е зголемено и меѓуоскиното растојание, факт кој отвара додатен простор на задната клупа.

Моторната понуда се состои од познатите четири и шест цилиндрични мотори, како ошто е обичај кај BMW, со цилиндри наредени во иста линија. Тоа е за почеток, подоцна, од средината на месец јули се очекуваат спортската M340i xDrive и еколошката 330е plug-in hybrid варијанта.

Надворешниот дизајн ја продолжува еволутивната приказна, и на таа позиција поголеми изненадувања ниту има ниту пак некој ги очекува. Истото не може да се каже за организацијата на ентериерот поради тоа што современите текови тука имаат длабоко навлезено.

Бројните системи за асистенција се сосема очекувани од премиум производител чиј поглед е свртен кон самиот врв во класата. На прв поглед материјалите и обработката делуваат прилично квалитетно, но таа констатација своја потврда наоѓа единствено при подолготрајна употреба.

Необичната премиера на BMW Serie 3 беше пропратена со најава за соработка помеѓу нашиот врвен музичар Влатко Стефановски и домашниот увозник на BMW.

Таа соработка е започната со креирање сопствена верзија на препознатливото BMW звучно лого кое увозникот ќе го користи при промотивни кампањи на новиот спортски седан.

BMW Serie 3 е веќе во продажба со почетна цена за влезниот модел 318d од 38.900 евра.

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг