СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Половните возила во САД поскапи отколку кога биле нови

 

Пазарот на половните возила во САД збрлаве – некои модели сега се продаваат поскапо отколку кога биле нови.

Причината за тоа е добро позната – тоа пандемијата која најпрво ги затвори производствените погони заради здравствени причини, а сега заради недостатокот на чипови.

Како резултат на тоа купувачите не може да набават нови возила или пак предолго чекаа на нив, заради што се свртеа кон половните.

Тоа според законот на понудата и побарувачката ги искачи нивните цени во последните 18 месеци меѓу 15 и 40 отсто, во зависност од моделот.

А тоа пак резултираше со апсурдна ситуација некои модели како половни да се продаваат поскапо отколку кога биле нови.

Тоа пред сé се однесува за најбараните модели возила, стари меѓу една и три години, како што на пример е Toyota Tacoma која половна се продава за 33.000, а пред 2 години кога била нова чинела 29.000 долари.

Ова не е осамен пример – една група аналитичари од САД тврди дека ловејќи ги по огласите и аукциите наишле на вкупно 73 половни модели кои се продаваат поскапо од нивните изворни цени.

Најголем дел се добро опремени SUV и пикапи, меѓу кои Ford F-150, Jeep Wrangler, па дури и Mercedes G-класа.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот