СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Volvo Concept Recharge [видео]

 

Нарекувајќи го манифест за чистата електрична иднина на своите автомобили, Volvo го претстави концептот Recharge.

Со сето право да ги употребат наведените зборови, од Volvo уште од порано ни соопштија дека до 2030 година ќе преминат на производство само на електрични возила.

Прво од нив ќе биде новата трета генерација на големиот SUV, XC90, која токму концептот Recharge ја најавува за идната 2022 година.

Тој покажува дека Volvo може да воведе нови пропорции на своите модели кога тие ќе почнат да ја користат потполно новата електрична платформа на која е поставен овој концепт.

Димензиите не се откриени но обликот на каросерија повеќе личи на голем повишен караван отколку на класичен SUV, истакнувајќи ја со тоа зголемената сестраност.

Високата линија на појасот и положбата на тркалата со долгото меѓуоскино растојание и малите препусти укажуваат дека батериите се поставени под целосно рамниот под.

Маска повеќе нема бидејќи не му е потребно ладење на моторот и место неа е поставена нова структура со преобликувани светла.

Назад се вертикално интегрираните задни светла со нови аеродинамични крилца, а скиците од внатрешноста јасно укажуваат што може да се очекува од наредните генерации на Volvo моделите.

Опишан од шефот на дизајнот на шведската марка Робин Пејџ како скандинавска дневна соба, на централниот дел од ентериерот владее огромниот 15-инчен екран.

Приликата е искористена да се најават и новите технологии на полето на автономното возење и безбедноста во чија срж е користењето на LiDAR чиј сензор се забележува на покривот на концептот.

Volvo не споменува, но неговите инженери работат и на технологија на нова генерација батерии кои до средината на деценијава ќе овозможат автономија до 1.000 километри.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV