СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Ferrari 296 GTB – редефинирање на иднината [видео]

 

Со поглед вперен кон иднината, Ferrari го претстави новиот свој спортски модел кој е револуционерен во повеќе нешта.

Прв шестцилиндричен Ferrari после скоро половина век и тоа хибридизиран – 296 GTB кој досега беше познат под кодната ознака F171 менува многу нешта во иднината на марката.

Тоа ќе го стори со неговиот 2,9 литарски турбо V6, кој комбиниран со електромотор испорачува вкупно 830 KS и 740 Nm вртежен момент кои се пренесуваат преку 8-степен DCT менувач.

На возачот на располагање му стојат четири режими на возење – eDrive, Hybrid, Performance и Qualify, а батериите од 7,45 kWh обезбедуваат поминување електрични до 25 km.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 2,9 секунди, до 200 стигнува за 7,3 секунди, а може да достигне максимални 330 km/h.

Цената на Ferrari 296 GTB изнесува 269.000 евра, а првите испораки се најавени за почетокот на идната година кога го очекуваме и првиот SUV на марката Purosangue.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот