СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Нов систем на суспензија за идните модели на Maybach

 

Системот од камери, снимајќи ја површината на патот, автоматски ќе ја прилагодува суспензијата на возилото.

На салонот во Пекинг, Maybach најлуксузната двизија на Mercedes го прикажа Vision Ultimate Luxury concept кој поради својот изглед предизивика контроверзни реакции.

Но секако тоа нема да претставува пречка, на престојниот салон, Los Аngeles Motor Show кој ќе се одржи во ноември, Maybach до ја претстави на јавноста сериската изведба на моделот GLS.

Без разлика на реакциите и негирањата, очигледно дека тој потез сепак претставува одговор на штотуку пристигнатиот прв SUV на Rolls Royce, ултра луксузниот Cullinan.

Ако знаеме дека Mercedes, историски гледано, е технолошки иноватор во класата на луксузни возила, воопшто нема да не изненади фактот во новиот Maybach GLS да видиме цела низа од нови технологии.

Едната од нив секако е новиот систем на потпирање кој се состои од нови камери кои го снимаат коловозот и спрема тоа го прилагодуваат потпирањето, обезбедувајќи така ефект на „лебдење“ над патот.

Новиот систем ќе биде подобрена верзија на Magic Body Control system кој се вградува во постоечките модели на Мercedes S-Class. Покрај ова Maybach GLS ќе има и нов бесстепенски менувач кој ќе овозможува глатко возење достојно на очекувањата на корисниците кои претежно се возат на задните седишта.

Јурген Вајсингер (Jurgen Weissinger) шеф-инженерот задолжен за новите модели на Mercedes-Maybach во разговор со германските колеги открива и други детали околу идните модели на марката.

Тој истакнува дека и понатаму брендот ќе нуди модели опремени со ултра софистицираниот V12 мотор, но дека целосно електрична верзија се планира во наредните пет до десет години.

„Веруваме дека засега комбинацијата на нашиот луксузен и софистициран V12  со електричен мотор е можна но не и неопходна.

За разлика од некои наши конкуренти кои интензивно работат на целосно електрични верзии, нашите размислувања одат во правец електричниот мотор да го вклопиме во состав на менувачот“ – додава Вајсингер.

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV