СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Hyundai ги испорача службените возила за светското првенство во Русија

 

Со 32 автобуси и 530 возила, Hyundai ќе ги превезува фудбалските тимови и службените лица на престојниот мундијал во Русија.

Соработката помеѓу светската фудбалска федерација, FIFA и автомобилскиот гигант Hyundai Motors датира од 1999 година. На обострано задоволство.

Договорот е едноставен, Hyundai ги превезува фудбалските репрезентации и сите останати службени лица, а организаторот на најголемиот фестивал на фудбалот, воопшто не мора да се грижи околу квалитетниот превоз.

За фудбалскиот собир во Русија, Hyundai Motors обезбеди по еден автобус за сите 32 репрезентации како и 530 други возила од моделите Santa Fe, Tucson и H1, со кои ќе се превезуваат службените лица.

Интересно е да се каже дека секој автобус освен што е обоен во специфичните бои на репрезентациите учеснички има и свој слоган. Во изборот на слоганите, кои се бираа по пат на гласање, учествуваа над 160 илјади предлози, а за нив гласаа 3.45 милиони луѓе.

Возилата и автобусите на организаторот му беа свечено предадени пред стадионот „Лужники“ во Москва при што помеѓу одговорните од FIFA и Hyundai Моторс беше изразена надеж дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV