СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Новиот Kia Carens е повеќе SUV отколку моноволуменец [видео]

 

Моноволуменците се загрозен вид, тоа го знаеме – нивните купувачи веќе одамна бараат SUV модели.

Затоа и новиот Kia Carens е повеќе SUV отколку моноволуменец, иако сепак го има задржано типичниот семеен карактер.

Изгледот е продолжение на стилската линија што ја видовме кај неодамнешните премиерно покажани модели, посебно кај Sportage или EV6.

Внатрешноста ја опишуваат како профинета – дизајнот е уреден, екранот добро вклопен во контролната табла а има и трет ред седишта.

Основниот бензински мотор е 1,5 литарски атмосферски со 115 KS, следи 1,4 литарскиот турбо со 140 KS а во понудата е и дизел од 1,5 литри со 115 KS.

 

 

За крај најбитното – Carens е наменет за Индија а Европа ќе ја заобиколи во широк лак.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот