СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Како изгледа претворањето на ВАЗ-2101 во реплика од 1930-тите?

 

Интезујасти има насекаде, зар некој ќе биде изненаден ако руски влубеник се даде на работа и на старата конструкција и даде шмек од неколку децении порано.

ВАЗ-2101, чие сериско производство е започнато во 1970 година, одамна стана вистинска класика.

На домашниот пазар, копиите во лоша состојба се продаваат за речиси 50 илјади рубли (cca 7.000 евра), но за успешно обновени се бараат десет, па дури и дваесет пати повеќе.

Копејка“ – како што е популарно наречен моделот ВАЗ-2101 – изгледа како пристигнат од некое друго време, но сопственикот на овој автомобил очигледно имал намера да го направи да изгледа уште постар.

Како резултат од таа намера, тој одлучил да направи радикален чекор и го стилизираl советскиот седан да изгледа како автомобил од 1930-тите.

Вложениот напор е тешко да се опише со зборови. Се чини дека автомобилот е непогрешливо идентификуван како ВАЗ-2101, но тоа е само ако го погледнете одзади.

Целосно новиот преден дел, кој неминовно повлече и зголемување на меѓуоскиното растојание, јасно аосицира на модел од триесетите години на минатиот век.

Интересно е што естетските детали не се преземени од некој конкретен модел туку се компилација од повеќе модели од тоа време.

Наместо чисто пресликување, тоа е колективна слика на автомобили од 1930-тите со додавање на модерни делови во форма на алуминиумски тркала и преден браник заварен од две цевки.

Во исто време, преработката ги задржа сите атрибути на предвоените автомобили: посебно надуени предни калници, технологија на осветлување со поединечни елементи, долга хауба што се стеснува напред, хромирани делови и вертикална предна решетка.

Промените во задниот дел се многу подискретни, но сепак и тие ги има. На пример, наместо стандардните правоаголни задни светла, од каросеријата се појаваат кругови со различни големини.

Сликата е надополнета со хромиран заден браник, кој стилски ги следи предните и задните продолжетоци на арките на тркалата.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот